Динамиката на градба заедно со квалитетот, се примарните барања на модерната ера во градежништвото. Со цел да одговориме на предизвиците во градежништвото, постојано се стремиме кон усовршување. Сопствената механизација и опрема се предност на компанијата ТЕХКОМ ДООЕЛ Кочани која е спремна секогаш да одговори на барањата на инвеститорот. Располагаме со најсовремена опрема и машини и тоа за: tbilisi escort
1. Подготовка, производство, транспорт и вградување на бетон (сопствена бетонска база, вклучувајќи сопствени транспортни средства за транспорт на готов бетон и сопствени бетонски пумпи од сите големини за негово вградување).
2. Комплетна механизација за земјени работи, ископ и насип, транспорт и вградување на секаков вид на тампонски материјал и сите видови на преостанати земјени работи.
3. Сопствен преработувачки погон за челични конструкции составен од високо професионален тим за преработка и производство на финален производ со вклучена монтажа и сопствена опрема и механизација неопходна за сите фази до самото завршување на работите.